Connect with us

Барди се врати на тренинзите на Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја надмина повредата која го оддалечи од теренот дваесетина дена и се врати на тренинзите на Леванте. Се очекува тој да конкурира за тимот за претстојниот меч против Хетафе во Ла Лига.

Леванте е во лоша позиција на табелата, има освоено само четири бода од почетокот на шампионатот во Шпанија, а тоа го чинеше отказ тренерот Пако Лопез.

Барди поради повредата го пропушти октомврискиот квалификациски циклус со фудбалската репрезентација на Македонија, дуелите против Лихтенштајн и против Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови