Connect with us

Барди: Досега не знам за пораз од Реал, нека биде и утре така!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди сезонава е еден од клучните фудбалери на Леванте кој игра далеку помирна сезона во однос на минатата кога до последно се бркаше опстанокот во Ла Лига. Утре тимот од Валенсија во 25. коло го очекува дуелот со големиот Реал Мадрид, меч кој Барди, како што вели, со нетрпение го очекува.

„Пресметките со Реал Мадрид секогаш носат некоја позитивна енергија со себе. Мотивирани сме максимално за уште едно добро издание и позитивен резултат“ – вели Барди.

А, во Шпанија и тоа како добро знаат дека откако Енис Барди пристигна во клубот, интересно, Леванте нема пораз од Реал Мадрид. Од јули 2017 година кога македонскиот фудбалер се приклучи на Леванте, најпрво во сезоната 2017/2018 двата меѓусебни натпревари завршија без победник (1-1 и 2-2) а сезонава во првиот меѓусебен дуел есенва Леванте славеше со 1-2 во Мадрид. И на сите три натпревари настапи македонскиот репрезентативец.

„Тоа е навистина нешто специфично. Не знам за пораз од Реал Мадрид, но мора да се истакне дека како тим играме максимално ангажирано на секој меч против нив носени од желбата успешно да се парира на најголемиот европски клуб. Се надевам дека и по утрешниот натпревар и натаму нема да знам за пораз од кралскиот клуб“ – истакнува Барди.

Натпреварот меѓу Леванте и Реал Мадрид во Валенсија се игра утре со почеток од 20:45 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови