Connect with us

Баражи за Втора лига: Може ли некој третолигаш да направи изненадување?

Во текот на овој викенд ќе бидат познати четирите последни учесници во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) за натпреварувачката сезона 2026/27. Осум екипи преку бараж-систем ќе се борат за преостанатите четири места во второлигашкото друштво.


​Денешната програма носи три натпревари кои започнуваат во истиот термин, 16:30 часот.

Во Кратово силите ќе ги одмерат Саса и Еуромилк, во Кочани ќе играат Кожув и Борец, додека на стадионот во Штип ќе се сретнат Победа Валандово и Камјани.


​Последниот патник во ВМФЛ ќе биде одреден утре (недела), со натпреварот во скопската населба Ѓорче Петров, каде поранешниот прволигаш Тетекс ќе се соочи со составот на Влазними од Струга.

Поразените екипи од овие дуели следната сезона ќе се натпреваруваат во соодветните Трети лиги.

БАРАЖИ ЗА ВТОРА ЛИГА

ДЕНЕСКА, 16:30

Каменица Саса – Еуромилк

Кожув – Борец

Победа Валандово – Камјани

Недела, 16:30

Тетекс – Влазними

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови