Connect with us

Бамфорд: Џани Алиоски е луд, а неговата девојка – уште полуда

Напаѓачот на Лидс Јунајтед, Патрик Бамфорд, беше гостин во подкаст и откри пикантерии за македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Тој вели дека сите го сакаат затоа што е позитивно луд, а неговата девојка била исто така „луда“ како него.


„Не можам да ви го опишам Џани. Тој е како мало дете кое има шеќерна волна. Откако се пласиравме во Премиер – лигата отидовме на одмор и таму момците со себе ги земаа девојките и сопругите. Си помислив, добро е, доаѓа со својата девојка и таму ќе биде помирен. Но, не, напротив, беше истиот, дури правеше и повеќе глупости. Полошо од се е што девојката на Џани е исто луда како него“, открива Бамфорд.

На Островот се уште е тема дали Езгјан Алиоски ќе го продолжи договорот со Лидс Јунајтед. Актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната, а долго време преговара со клубот за продолжување на соработката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови