Connect with us

Балак: Германија ја загуби почитта од противниците

Поранешните репрезентативци Михаел Балак и Сами Кедира повикаа на промени во Германската фудбалска федерација (ДФБ) по втората последовна елиминација на тимот во групната фаза на Светското првенство, пишува агенцијата ДПА.


„Секој камен во ДФБ мора да се преврти“, изјави Балак. „Апсолутно секоја позиција мора да биде доведена во прашање, вклучително и онаа на национален селектор. Сепак, не зборувам лично за Ханси Флик. Мора да се формира тим кој повторно ќе игра успешен фудбал“, дополни тој.


„Германија ја загуби почитта од своите противници и мора да ја врати. Фудбалерите треба да се научат на сè одново. Можеби во последните години нашиот фокус се префрли на други работи и тоа треба да се поправи“, констатира Михаел Балак.


Медиумите во земјата шпекулираа дека Германците биле одвлечени од тековниот спор со ФИФА околу носењето ленти со виножито. Сепак, според Кедира, проблемот е вкоренет во развојот на играчите.


„Проблемот е во тренинзите и што имаме фудбалери кои премногу ризикуваат на натпреварите. Оваа игра е многу повеќе од тоа. Исто така, потребен ви е и победнички менталитет“, изјави Кедира за „АРД“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови