Connect with us

Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг

Баерн Минхен уште еднаш ја потврди својата моќ во Бундеслигата, откако во дербито на колото направи вистински пресврт и убедливо го декласираше Лајпциг на гостински терен со 1-5, иако по првото полувреме губеше со 1-0.

Домашниот тим подобро го отвори натпреварот, имаше поголема иницијатива и неколку сериозни закани кон голот на Мануел Нојер, а наградата стигна во 20. минута кога Кардозо погоди за водство и ерупција од радост на трибините. Со минимална предност на Лајпциг се замина и на паузата.

Во второто полувреме на теренот постоеше само еден тим. Баерн тргна офанзивно и брзо го врати резултатскиот баланс, откако Гнабри погоди за 1-1 по само пет минути игра. Пресвртот го комплетираше Хари Кејн во 67. минута, а во самиот финиш следуваше целосен распад на одбраната на домаќините. За само пет минути Тах, Павловиќ и Олисе постигнаа уште три гола и ставија точка на убедливата победа на Баерн од 1-5.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови