Connect with us

Баерн тргна победнички во Купот на Германија

Баерн Минхен победнички ја започна одбраната на трофејот во Купот на Германија. Баварците славеа со 4-1 на гостувањето кај второлигашот Оснабрик, иако натпреварот на „Бремер Брике“ започна со непријатно изненадување за фаворитот.

Домашниот тим успеа да го шокира Баерн уште во петтата минута. По грешката на Ким Мин-Јае, Робин Мајснер се обиде со удар од далечина, а топката доби необичен лет и заврши зад грбот на Јонас Урбиг за рано водство на Оснабрик.

Сепак, предноста на домаќините траеше само 13 минути. Хари Кејн ја искористи несигурната реакција во одбраната и го израмни резултатот во 18. минута.

Баерн продолжи да притиска и само три минути подоцна стигна до целосен пресврт. Луис Дијаз се најде во одлична позиција, неговиот удар беше одбранет, но Том Бишоф беше на вистинското место и одбиената топка ја испрати во мрежата за 1-2.

Во продолжението баварскиот гигант целосно го презеде контролата, иако домаќините се обидуваа да останат во натпреварот. Голманот на Оснабрик, Јонас Крумри, во неколку наврати спречи дополнително зголемување на предноста.

Отпорот на второлигашот сепак беше скршен во вториот дел. Мајкл Олисе погоди за 1-3, а Хари Кејн од пенал во завршницата го постави конечниот резултат 1-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови