Германскиот шампион Баерн Минхен привремено се повлече од преговорите за доведување на Ник Волтемаде од Штутгарт, а фокусот на клубот сега е целосно насочен кон финализирање на трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул, пренесува „Билд“.
Според информациите, доколку „швабите“ не се подготвени на компромис, договорот за Волтемаде може целосно да пропадне. Баварците во моментов немаат намера да испратат трета понуда за напаѓачот. Досега Штутгарт одби две понуди од Баерн – 40 милиони евра плус уште пет во форма на бонуси, а потоа и 50 милиони евра со уште пет милиони во додатоци, како и 10 проценти од потенцијална идна продажба.
Сега од „Алијанц Арена“ се очекува да испратат понуда од околу 75 милиони евра за Луис Дијаз, кој останува цел број еден за Баерн. 28-годишниот Колумбиец веќе ја изразил својата желба да го напушти Ливерпул и е подготвен да потпише четиригодишен договор со баварскиот гигант.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













