Европскиот и светски првак Баерн Минхен продолжува да го собира најдоброто од Бундес-лигата. Баварскиот клуб ја објави соработката со францускиот дефанзивец Дајот Упамекано. Тој ќе пристигне на „Алијанц арена“ во летниот преоден рок, а веќе потпиша договор до јуни 2026 година.
Баерн Минхен излезе како победник во трката за одличниот дефанзивец на Лајпциг за кој имаше интерес од најголемите европски клубови, Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Пари Сен Жермен…Сепак, Упамекано одлучи да не ја напушта Бундес-лигата.
„Среќни сме што успеавме да склучиме договор со Дајот Упамекано. Веруваме дека тој ќе биде еден од важните членови на тимот во наредните неколку години“, изјави спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













