Connect with us

Баерн подготвува нов договор за Хари Кејн

Од свoето доаѓање во Баерн, Хари Кејн владее и доминира во Бундес-лигата. Немa рамен на него кога станува збор за голгетерските показатели.

Само оваа сезона во сите натпревари постигна 45 голови на 37 натпревари, што е импресивен ефект. Се разбира, го подигна и трофејот за првак на Германија, неговата прва титула во кариерата, и се подготвува оваа година да го повтори тој успех, а потоа со Англија да настапи на Светското првенство.

Но, веќе сега е време да се зборува за неговата иднина. Се шпекулираше за можен трансфер во Барселона, но Баерн ќе направи сè за такво нешто да не се реализира.

Затоа, по потпишувањето на новиот договор со Дајо Упамекано, управата на клубот работи на нова соработка со својот шпиц. Актуелниот договор истекува во 2027 година и време е да се работи на нови бројки во договорот.

Кејн пристигна во Баерн во 2023 година и на 133 натпревари постигна 130 голови и забележа 31 асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови