Connect with us

Баерн подготви нов договор за Олисе: Потпис до 2031 година и плата од 25 милиони евра по сезона

Мајкл Олисе полека станува еден од најдобрите фудбалери во светот и би можел тоа да го докаже и на ова Светско првенство.

Тој покажа дека во Баерн е исклучително расположен за игра, беше постојана закана за противничките одбрани и јасно е зошто во клубот сакаат дополнително да му го продолжат договорот.

Прво, неговата плата ќе биде удвоена.

Планот на Баерн е да му го продолжи договорот на Олисе до 2031 година, а со новата плата тој веднаш би бил зад Хари Кејн и израмнет со Џамал Мусијала. Сума од 25 милиони евра на годишно ниво е нешто што тешко се одбива.

Но, тоа не е сѐ што подготвил Баерн. Клубот сака да му понуди и бонус само за потпис на новиот договор, и тоа неверојатни 22 милиони евра.

Во Баерн по секоја цена сакаат да го задржат Олисе, кој во меѓувреме прерасна во вистинска суперѕвезда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови