Раководството на Баерн Минхен има за цел да го продолжи договорот на талентираниот играч од средниот ред, Ленарт Карл, до летото 2031 година, пренесуваат германските медиуми. Според информациите, актуелниот договор на 17-годишниот Карл автоматски ќе биде трансформиран во професионален.
Клубот се стреми значително да му ја зголеми платата. Се наведува дека во моментов тој заработува меѓу 1 и 2 милиони евра годишно, а по обновувањето на договорот примањата би можеле да пораснат на 5 до 7 милиони евра.
Неодамна Ленарт Карл изјави дека Реал Мадрид е клубот од неговите соништа, со што предизвика незадоволство кај дел од навивачите, но некои од клупските легенди застанаа во негова одбрана.
Во тековната сезона Карл го забележа своето деби за првиот тим на Баерн. Во вкупно 21 натпревар во сите натпреварувања за клубот, тој постигна шест голови и запиша две асистенции. Неговиот актуелен договор важи до летото 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













