Баерн подготвил понуда вредна 60 милиони фунти (околу 71,7 милиони евра) за Барт Вербруген, голманот на Брајтон. Во минхенскиот гигант го гледаат како наследник на Мануел Нојер (39).
Нојер има договор и за следната сезона. Вербруген досега за Брајтон има настапено на 57 натпревари, на 14 од нив ја сочувал својата мрежа, а примил 76 голови.
Според англиските медиуми, во Баерн веќе се подготвуваат за „живот по Нојер“ и бараат голман кој има квалитети да биде достојна замена на легендата на клубот и германската репрезентација. Вербруген е висок 194 см и има 22 години. Со Брајтон има договор до летото 2028 година.
Во англискиот клуб пристигна во јули 2023 година, во трансфер од Андерлехт. Тој трансфер изнесуваше околу 19 милиони евра, па се очекува Брајтон добро да заработи од својот и прв голман на холандската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













