Connect with us

Баерн не може да наддава со Ливерпул за Бредли Баркола

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата околу напаѓачот на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, и можниот трансфер во Ливерпул. Според германските медиуми, баварскиот гигант покажува сериозен интерес за францускиот репрезентативец и веќе стапил во контакт со неговите претставници за да дознае какви се неговите планови за иднината.

Сепак, се наведува дека евентуалниот ангажман на Баркола во овој преоден рок би бил прескап за Баерн. За разлика од германскиот шампион, Ливерпул располага со финансиски средства за да ја реализира зделката, чија вредност, според повеќе извори, изнесува околу 100 милиони фунти.

Баерн би можел повторно да се вклучи во трката за 23-годишниот крилен напаѓач доколку тој остане во Пари Сен Жермен уште една сезона. Неговиот договор со францускиот клуб важи до летото 2028 година.

Минатата сезона Баркола одигра 49 натпревари во сите натпреварувања во дресот на ПСЖ, при што постигна 13 голови и запиша седум асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови