Иднината на Хари Кејн повторно е една од главните теми на европскиот трансфер-пазар. Во последните месеци англискиот голгетер се поврзуваше со неколку големи клубови, меѓу кои и Барселона, но Баерн Минхен веќе подготвува конкретен потег за да го задржи во своите редови.
Според информациите, баварскиот гигант уште во август ќе ги започне преговорите со Кејн за потпишување нов договор.
Во Минхен немаат дилема дека сакаат да ја продолжат соработката со својот најдобар стрелец и еден од клучните играчи во тимот. Раководството ќе му претстави нови договорни услови, со цел што побрзо да биде постигнат договор и да се стави крај на шпекулациите околу неговата иднина.
Сепак, конечната одлука нема да биде само во рацете на Баерн. Последниот збор ќе го има самиот Хари Кејн, кој заедно со своето семејство ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата во Минхен.
Засега не се откриваат деталите од понудата, ниту колку долго би траел новиот договор што Баерн планира да му го понуди на искусниот англиски напаѓач.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













