Лидерот на Бундес-лигата, тимот на Баерн Минхен, испрати официјална понуда за продолжување на договорот на германскиот репрезентативец Лирој Сане, пренесува „Скај Германија“. Според информациите, спортскиот директор Макс Еберл сака да го задржи крилниот напаѓач уште три години, добивајќи зелено светло од управниот одбор на клубот.
Актуелниот договор на 29-годишниот Сане истекува во јуни, а самиот играч досега не дал официјална изјава во врска со својата иднина. Во меѓувреме, Баерн веќе се договори за продолжување на договорите со Џошуа Кимих и голманот Мануел Нојер, што ја зголеми неизвесноста околу иднината на Сане.
По најавата дека клубот ќе се раздели со клупската легенда Томас Милер, вниманието се насочи кон Сане, кој со своите девет голови оваа сезона во Бундес-лигата ја потврди својата вредност.
„Задоволни сме што Лирој е во толку добра форма, тоа ни е потребно, особено кога Џамал Мусијала не е достапен“, изјави неодамна Макс Еберл по победата од 3-1 против Аугсбург, кога Сане повторно се запиша во листата на стрелците.
„Нема потреба Лирој да ни ја докажува својата класа од натпревар до натпревар – јасно е колку е важен за нас“, додаде тој.
Иако Баерн го сака Сане да остане, интерес за него има и од други клубови. Во изминатите месеци, неколку тимови од Премиер – лигата покажаа интерес за неговиот потпис, што дополнително ја прави ситуацијата интересна пред летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













