Connect with us

Баерн Минхен има десет бода на врвот, Ајнтрахт трча кон ЛШ (ВИДЕО)

Баерн Минхен го совлада Баер Леверкузен со 2-0 на „Алијанц арена“ и сега има десет бода предност пред Лајпциг на врвот на табелата во Бундес – лигата. Чупо Мотинг и Кимих по само петнаесетина минути му донесоа предност од 2-0 на баварскиот клуб и ги прокнижија новите бодови.

Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 го совлада Аугсбург. Хинтерегер донесе водство за домашниот тим, а Андре Силва го потврди триумфот. Финбогасон во вториот дел не реализираше пенал за гостите.

Арминија Билефелд го победи Шалке со 1-0, со голот на Фабијан Клос во 50.минута од мечот. Шалке со овој пораз и дефинитивно испаѓа од Бундес-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови