Баерн Минхен по два натпревари без триумф, доминантно им се врати на победите во Бундес-лигата декласирајќи го Келн со 5-1. Чупо – Мотинг и Левандовски донесоа предност од 2-0 по првиот дел, Шкири само ги налути домашните фудбалери со голот во 49. минута, па Левандовски погоди уште еднаш, а и Серж Гнабри дополни уште два гола до крајот на мечот.
Борусија Дортмунд со 3-0 ја совлада Арминија Билефелд. Гостите одолеаја едно полувреме, а потоа Даху, Санчо од пенал и Реиние ја погодија мрежата на Арминија.
Штутгарт беше убедлив и со 5-1 го совлада Шалке, а Волфсбург со 2-0 славеше против Херта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













