Германскиот првак Баерн Минхен ја следи ситуацијата на Антонио Рудигер и ќе се обиде да го доведе на „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната. Тој влезе во последната година од договорот со Челси и засега нема изгледи за обновување на соработката.
Раководството на Челси води интензивни разговори со Рудигер и со Кристенсен за да ги задржи на „Стемфорд бриџ“, но германскиот репрезентативец има и многу други понуди.
Следното лето кога ќе биде слободен агент ќе може да избере каде ќе ја продолжи кариерата. Покрај Баерн Минхен, за него се интересираат и Реал Мадрид, Барселона, Интер, Јувентус и Пари Сен Жермен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski