Баерн Минхен пред својата публика го совлада Хофенхајм со убедливи 5-1, а англискиот напаѓач Хари Кејн беше стрелец на два гола, со што ја достигна бројката од 24 погодоци во германската елита. Луис Дијаз го постигна својот прв хет-трик во Бундеслигата и се искачи на второто место на листата на стрелците.
Кејн беше прецизен од пенал, постигна гол во 20. минута. По израмнувањето на Крамариќ на 1-1, англискиот напаѓач во финишот на првиот дел го врати водството на Баерн, а само две минути подоцна асистираше до Луис Дијаз за 3-1 на полувреме.
Во вториот дел, Луис Дијаз уште двапати ја затресе мрежата на гостите и хет-трикот го комплетираше во самиот финиш за конечни 5-1.
Хофенхајм од 17. минута играше со играч помалку, поради црвениот картон на Кевин Акпогума, што дополнително го олесни патот на Баерн кон убедливата победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













