Баерн Минхен продолжува да бара напаѓач кој ќе може да го одмора Хари Кејн, а новото име на листата на баварскиот гигант е Игор Тијаго од Брентфорд.
По неуспешниот обид да го доведе Душан Влаховиќ, германскиот шампион го насочил вниманието кон 25-годишниот Бразилец. Во Баерн сакаат класичен централен напаѓач кој ќе може да ја преземе улогата на Кејн кога капитенот на Англија ќе има потреба од одмор.
Тијаго во изминатите две сезони се наметна како еден од позабележителните напаѓачи во Премиер – лигата. За Брентфорд има одиграно 48 натпревари и постигнато 25 голови, по што неговите настапи го привлекоа вниманието на неколку големи европски клубови.
Преговорите меѓу страните веќе се започнати, а Баерн наскоро би можел да испрати и официјална понуда. Бразилецот моментално се проценува на околу 65 милиони евра, додека Баварците подготвуваат понуда од приближно 50 милиони евра.
За Тијаго евентуалниот трансфер во Минхен би значел нов голем предизвик. Неговата главна задача би била да биде поддршка за Кејн и да добива минутажа во натпреварите во кои англискиот голгетер ќе треба да биде одморен.
Бразилецот годинава го забележа и својот прв настап за репрезентацијата на Бразил. Карло Анчелоти му даде шанса, а Тијаго на шест репрезентативни натпревари постигна два гола.
Пред Брентфорд, Тијаго настапуваше за Бриж, Крузеиро и Лудогорец. Доколку го реализира трансферот во Баерн, тоа ќе биде убедливо најголемиот чекор во неговата досегашна кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













