Connect with us

Баерн ќе ја засили одбраната со играч на Спортинг Лисабон

Кога ќе се погледне начинот на кој Баерн Минхен во двомечот од Лига на шампиони го елиминираше Реал Мадрид, јасно е дека тешко може да се каже дека им е потребно било какво засилување.

Сепак, тие два натпревари открија бројни проблеми во одбранбената линија на Баерн, како и одредена несигурност кај стоперите.

Пред сè, тоа се однесува на Дaјот Упамекано, кој правеше грешки и во првиот и во вториот натпревар.

Очигледно тоа го забележал и тренерот Венсан Компани, кој наводно веќе го договорил првото засилување за следната сезона.

Според информации од трансфер-експерти, Баерн е блиску до ангажман на Oсман Диоманде од Спортинг Лисабон.

Неколку клубови се заинтересирани за фудбалерот на Спортинг, но Компани наводно решил да биде побрз од сите и да го обезбеди неговиот потпис.

Баерн сака да го доведе веќе ова лето, но трансферот би го финализирал уште сега, за неговото доаѓање да биде само формалност.

Играчот има откупна клаузула од 80 милиони евра, која Баерн наводно е подготвен да ја активира веднаш штом се постигне договор со него.

Со тоа, Компани би добил значително засилување во одбраната за наредната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови