Баварскиот гигант Баерн Минхен донесе одлука да го повлече дресот со број „5“ од употреба во чест на легендарниот Франц Бекенбауер, кој почина на 7 јануари на 78-годишна возраст.
Одлуката беше соопштена од претседателот на клубот, Херберт Хајнер, на годишното собрание на клубот, кое беше одржано во присуство на вдовицата Хајди Бекенбауер и синот на легендарниот фудбалер, Јоел.
Соопштението беше дочекано со бурни аплаузи од присутните.
„Бројот „5“ ќе остане зачуван како симбол на уникатното наследство на Франц. Нашиот клуб и неговата историја се незамисливи без него“, изјави Хајнер.
„Оваа година Баерн Минхен ја загуби најголемата личност во својата историја. Драг Франц, ти го направи нашиот клуб тоа што е денес: синоним за најголем можен успех, уникатен стил и длабока човечност. Како играч, тренер, претседател и пријател, му го даде на Баерн сјајот што и денес продолжува силно да свети“, истакна претседателот на Баерн Минхен.
Франц Бекенбауер е еден од најголемите фудбалски ликови во историјата. Покрај неговите успеси на теренот, тој го обликуваше Баерн Минхен како глобален бренд, оставајќи трајно наследство во фудбалот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal