Дефанзивецот Дајот Упамекано е многу блиску до продолжување на договорот со Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, објавува германскиот весник „Билд“. Според информациите, клубот и фудбалерот веќе се усогласиле околу клучните точки од новиот договор, а преостануваат да се договорат само завршните детали, меѓу кои и откупната клаузула.
Со новиот договор, 27-годишниот француски репрезентативец ќе добие значително подобри финансиски услови. Упамекано пристигна во Баерн во 2021 година од Лајпциг, во трансфер вреден 42,5 милиони евра.
„Нема притисок од моја страна, се надевам дека наскоро ќе има конечна одлука. Не постојат рокови. Среќен сум што настапувам за толку голем клуб“, изјави Упамекано.
Тренерот на актуелниот германски шампион, Венсан Компани, исто така посакува Упамекано да остане дел од тимот, кој во моментов се наоѓа на врвот на табелата во Бундес-лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













