Connect with us

Баерн го прегази Лајпциг, Луис Дијаз блесна со хет-трик (ВИДЕО)

Баерн Минхен приреди вистинска голеада и го прегази Лајпциг со убедливи 6-1 во дербито од шестото коло во германската Бундеслига. Баварците доминираа во текот на целиот натпревар и со фантастична офанзивна претстава му одржаа фудбалска лекција на противникот.

Главна ѕвезда на вечерта беше Луис Дијаз, кој одигра спектакуларен натпревар и постигна три гола. Колумбиецот еднаш ја затресе мрежата во првото полувреме, а потоа уште двапати погоди во продолжението за комплетирање на хет-трикот.

Во убедливиот триумф на Баерн меѓу стрелците се запишаа и Александар Павловиќ, Мајкл Олисе и Хари Кејн. Англискиот голгетер беше особено расположен за игра, па покрај погодокот подели и две асистенции, со што имаше значаен придонес во убедливата победа на својот тим.

Лајпциг немаше одговор за разиграниот домаќин, кој уште еднаш ја демонстрираше својата офанзивна моќ и амбициите за одбрана на шампионската титула.

Со овие три бода, Баерн Минхен привремено се искачи на врвот на табелата со 14 бодови, колку што има и Борусија Дортмунд. Фрајбург се наоѓа на третата позиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови