Connect with us

Баерн го потопи Баер Леверкузен со “петарда” (ВИДЕО)

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен оствари убедлив триумф од 5-1 на гости против Баер Леверкузен. Гостите дојдоа до ран погодок, уште во 4. минута преку Роберт Левандовски.

Но, иако “аптекарите” успеаја да се одбранат од силните напади на тимот на Јулијан Нагелсман, сепак достигнаа тотален крах по само пола час игра. Во 30. минута, Полјакот повторно се запиша во листата на стрелци откако Дејвис продре во шеснаесетникот на голманот Храдецки, по претходно одлично изградена акција.

На Баерн му требаа само седум минути за да постигне уште три погодоци, дело на Милер во 34. минѕта и Гнабри во 35. и 37. минута, за неверојатно водство од 5-0, со кое “Баварците” заминаа на паузата. Иако, пресигнот од страна на шампионот не престана, сепак домашните стигнаа до почесен погодок. Патрик Шик ја начека неспремна одбраната на “црвените”, па го постигна својот седми погодок сезонава во Бундес – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови