Connect with us

Баерн го нуди Садио Мане на Јувентус, во размена за Влаховиќ

Германскиот првак Баерн Минхен размислува за размена на ѕвезди со Јувентус. Идејата е Садио Мане да замине во Јувентус, а Душан Влаховиќ да пристигне на „Алијанц арена“.


Наводно, Томас Тухел е најголем заговорник на оваа идеја затоа што го сака Влаховиќ во тимот на Баерн за следната сезона.

Садио Мане има договор со Баерн до летото 2025 година, а оваа сезона на 38 натпревари постигна 12 гола и имаше шест асистенции. Сезоната на Мане во Баерн секако ја одбележа конфликтот со Лирој Сане, кому му удри шлаканица, поради што беше и суспендиран.

Душан Влаховиќ постигна 14 гола и имаше четири асистенции во 42 настапи за Јувентус оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови