Баерн Минхен ја оправда фаворитската улога и убедливo триумфираше со 0-3 на гости против Ајнтрахт Франкфурт шестото коло од германската Бундес-лига.
Луис Дијаз постигна погодок само 15 секунди по стартот на мечот, станувајќи третиот најбрз стрелец во историјата на Бундес-лигата, по Џовани Елбер (11 секунди) и Лотар Матеус (13 секунди).
Вториот историски момент е постигнувањето на десет последовни победи во сите натпреварувања од страна на тренерот Венсан Компани, што досега никому не успеало во Топ 5 лигите во Европа.
Вториот гол за Баерн во Франкфурт го постигна Хари Кејн, кој влезе во историјата како прв играч со 11 голови во првите шест кола од една бундеслигашка сезона, а третиот гол беше исто така дело на Луис Дијаз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













