Баер Леверкузен не се предава! „Фармацевтите“ вечерва го совладаа Бохум со 3-1 на домашен терен и повторно му дишат во врат на лидерот Баерн Минхен. Со оваа победа, актуелниот шампион ја намали разликата на само три бода, иако Баварците имаат натпревар помалку и утре ги чека дуел со Сент Паули.
Леверкузен тргна силно – Алеиш Гарсија ја затресе мрежата уште во 20. минута и им донесе почетно водство на домаќините. Но, радоста кратко траеше – Феликс Паслак го казни невниманието и израмни на 1-1 само шест минути подоцна.
Во второто полувреме, „фармацевтите“ ја вклучија втората брзина. Виктор Бонифејс во 60. минута погоди за ново водство, а сите дилеми ги реши Амин Адли во самата завршница, кога во 87. минута го постави конечниот резултат, 3-1 за Леверкузен.
Борбата за титулата станува сè поинтересна!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













