Connect with us

Азер Омерагиќ пред трансфер во Сараево?

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, би можел кариерата да ја продолжи во босанскиот суперлигаш Сараево, откако медиумите од БиХ објавија дека клубот сериозно е заинтересиран за негов ангажман.

Омерагиќ зад себе има одлична сезона во дресот на „црвено-црните“, постигнувајќи 14 погодоци на 30 натпревари, а со своите партии заслужи и повик во македонската репрезентација.

Во редовите на Сараево веќе настапуваат македонските фудбалери Агон Елези и Стефан Ристовски, што дополнително ги подгрева шпекулациите за евентуален трансфер и на напаѓачот на Вардар.

На вечерашниот тренинг на македонскиот национален тим присуствуваа и Крсте Велкоски и Зоран Мамиќ, кои се задолжени за спортскиот сектор на босанскиот прволигаш Сараево.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови