Никогаш не треба да се потценува Австралија кога настапува на Светско првенство.
„Сокерусите“ низ годините редовно покажуваа дека можат да ги надминат очекувањата, а тоа го потврдија и на стартот од Мундијалот во Северна Америка. Иако малкумина веруваа во нивните можности, избраниците на Тони Попович во првото коло од групата Д ја совладаа Турција со 2-0 во Ванкувер и направија голем чекор кон нокаут-фазата.
Австралијците демонстрираа извонредна тактичка дисциплина во одбраната, а истовремено беа максимално ефикасни во контранападите.
Првиот гол дојде во 27. минута кога Нестори Иранкунда одлично истрча по десната страна по додавањето на Кај Роулс Окон, лесно го мина Мерих Демирал и со прецизен удар го совлада Угурџан Чакир за водство од 1-0.
Интересно е што акцијата започна веднаш по добра можност за Турција, кога се закани Арда Ѓулер.
Турците имаа поголем посед на топката во првиот дел, но не создадоа многу чисти шанси. Најблиску до израмнување беа во 30. минута кога Абдулкерим Бардакџи испрати силен удар од далечина, но топката заврши во стативата.
Во второто полувреме притисокот на Турција дополнително се засили. Австралија речиси целосно се повлече пред својот гол, а Турците постојано бараа начин да ја пробијат цврстата одбрана.
Сепак, клучниот момент се случи во 75. минута. По загубена топка на средината од теренот, Конор Меткалф тргна во брз противнапад и со фантастичен удар од околу 25 метри го постави конечниот резултат, 2-0.
До крајот блескаше и голманот Патрик Бич. Во 78. минута одбрани голема шанса на Керем Актуркоглу, а четири минути подоцна одлично реагираше и по слободниот удар на Хакан Чалханоглу.
Со оваа победа Австралија освои три бода и се израмни на врвот на групата со Соединети Американски Држави, кои во првото коло убедливо го совладаа Парагвај со 4-1.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













