Струмица доби фудбалски шмек од европска класа. На покана на Зоран Балдовалиев, натпреварот меѓу Брера и Струга ТЛ од 21.коло во Првата лига како специјален гостин го следи израелската тренерска легенда Аврам Грант.

Присуството на Грант претставува вистинска чест за струмичката публика и за клубот Брера. Станува збор за стратег со импресивно реноме, човек кој во својата кариера седеше на клупата на европскиот гигант Челњи, како и на репрезентацијата на Израел, оставајќи силен печат на меѓународната сцена.
Фактот што токму денеска е во Струмица не е случајност. Зоран Балдовалиев, благодарение на својата широка мрежа на контакти низ Европа и светот, е најзаслужен што фудбалско име од ваков калибар ќе го проследи дуелот меѓу Брера и Струга ТЛ од трибините.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













