Поволни ветришта на фудбалски план во Кавадарци. Со новиот стратег, Борче Христов, Тиквеш почна да освојува бодови кои неопходни за сигурен од во понатамошниот дел од ПМФЛ.
На коло до зимската пауза, тимот од Кавадарци денеска заминува во Струмица, каде што ќе се обиде против екипата на АП Брера да ги одмери силите и да ги освои посакуваните, а во моментов и неопходни бодови.
„Добро знаеме што не очекува во Струмица. Тежок терен. Од секаков аспект гледано. Максимално сме подготвени на се, свесни сме дека до бодовите ќе стигнеме само со силна, сконцентрирана и посветена игра, борба за секоја топка. Само така се стигнува до гостински бодови во овој период од сезоната, во кој веќе секоја екипа добро знае за што и се потребни, а ние секако сме свесни за важноста на секој поен“, вели Кристијан Ацковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













