Деветнаесеттата рунда во фудбалското првенство на Македонија ќе се затвори со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Тиквеш. Домаќинот пролетва нема право на грешка има задача да освои што е можно повеќе бодови за да и натаму има статус на клуб од елитата.
Тиквеш пролетва добро почна. Со победата над Шкупи од 6-0, а потоа одигра и супер полувреме против Шкендија кога поведе со 1-0. Сепак, шампионот на крај од Кавадарци си замина со бодови правејќи пресврт од 1-4.
Кавадарчани всушност првпат пролетва ќе заминат на гостување, затоа што дуелот против Шкупи иако на хартија го играа на гости всушност се одигра на нивниот стадион.
„Ова за нас е еден од клучните мечеви сезонава. Едноставно мора да влеземе во горниот дел од табелата, и се подготвуваме за денеска да ги освоиме трите бода. Против Шкендија лошо го одигравме тоа второ полувреме и редно е да покажеме против противник по мерка што се вели за што сме и за каде сме“ – вели Кристијан Ацковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













