Атлетико Мадрид сериозно е заинтересиран за ангажман на дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Имаше најави дека тој ќе направи трансфер во Интер и дека речиси сѐ е договорено, но сега информациите се сосема поинакви.
Аргентинскиот репрезентативец е означен како главна трансферна цел на „јорганџиите“ во актуелниот преоден рок, а тренерот Диего Симеоне сака да ја засили одбранбената линија со својот сонародник.
Ромеро е член на Тотенхем од 2022 година и има договор со лондонскиот клуб до летото 2029 година.
Во сезоната 2025/26, 28-годишниот стопер одигра 32 натпревари, на кои постигна шест голови и запиша четири асистенции. Одличните настапи ги продолжи и на Светското првенство 2026, каде на седум натпревари забележа еден гол и една асистенција.
Останува да се види дали Атлетико ќе испрати официјална понуда до Тотенхем и дали англискиот клуб ќе биде подготвен да преговара за продажба на еден од своите најважни дефанзивци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













