Атлетико Мадрид планира да го доведе напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман. Италијанскиот клуб побарал 50 милиони евра за 27-годишниот Нигериец. Претходно, интерес за него покажуваше и Арсенал.
Аталанта и Атлетико веќе склучија трансферна зделка ова лето, шпанскиот клуб го купи дефанзивецот Матео Руџери.
Во сезоната 2024/25, Лукман одигра 39 натпревари, постигна 20 голови и забележа седум асистенции. Неговиот договор со тимот од Бергамо важи до 30 јуни 2027 година.
Атлетико бара офанзивен фудбалер кој ќе го замени Анхел Кореа, кој беше миленик на навивачите, а кариерата ќе ја продолжи во Мексико.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













