Connect with us

Атлетико освои само бод во Истанбул, Карабах во 94.минута славеше против Ајнтрахт (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид не успеа да стигне до цел плен на гостувањето кај Галатасарај во Истанбул и мораше да се задоволи со реми од 1-1 во седмото коло од Лигата на шампионите. Иако „јорганџиите“ имаа поголема иницијатива и повеќе зрели шанси, домаќинот успеа да извлече важен бод пред својата публика.

Избраниците на Диего Симеоне одлично го отворија натпреварот и уште во четвртата минута дојдоа до водство, кога Џулијано Симеоне прецизно ја затресе мрежата на турскиот гигант. Сепак, Галатасарај брзо се консолидираше и успеа да се врати во игра во 20. минута, кога Маркос Љоренте несреќно постигна автогол, поставувајќи го конечниот резултат на првото полувреме, 1-1.

Во продолжението, Атлетико целосно ја презеде контролата врз играта и создаде неколку сериозни можности за втор погодок, но недостасуваше завршница за да се скрши отпорот на Галатасарај, кој умешно се бранеше и го сочува бодот.

Возбудувања не недостасуваа ниту на дуелот меѓу Карабах и Ајнтрахт Франкфурт, каде што домаќините славеа со драматична победа од 3-2. Херој на азербејџанскиот тим беше Балул Мустафазада, кој во 94. минута го постигна победничкиот погодок и донесе огромна радост на трибините.

Претходно, двата гола за Карабах беа дело на колумбискиот напаѓач Камило Дуран, кој имаше одлична вечер, додека за Ајнтрахт Франкфурт стрелци беа Чан Узун и Фарес Чаиби. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Мустафазада се појави во вистински момент и го запечати третиот сезонски триумф на Карабах во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови