Атлетико Мадрид е подготвен да влезе во трката за стоперот на Кристал Палас, Марк Гехи, и внимателно ја следи неговата ситуација, пренесува „Марка“.
Шпанскиот клуб го гледа 25-годишниот англиски дефанзивец како потенцијална замена за Хосе Марија Хименес. Договорот на Гехи со лондонскиот клуб истекува во летото 2026 година, а Атлетико е свесен дека ќе се соочи со жестока конкуренција за неговиот потпис.
И покрај тоа, „јорганџиите“ се подготвени активно да се вклучат во борбата, иако Ливерпул и понатаму важи за главен фаворит за негово ангажирање уште оваа зима. Дополнителен интерес има и од Баерн Минхен, Манчестер Сити и Барселона.
Во тековната сезона, Гехи има 19 настапи за Кристал Палас во сите натпреварувања, со еден даден гол и две асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













