Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Гонзало Рамош, и го разгледува како главна цел за летниот преоден рок, пренесува „Марка“.
Иако во моментов „јорганџиите“ се фокусирани на ангажман на нов играч од средниот ред, клубот веќе го планира засилувањето на нападот за следната сезона. Според информациите, португалскиот репрезентативец е главен кандидат за позицијата централен напаѓач.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, високо ги цени квалитетите на Рамош. Спортскиот директор Матеу Алемани е свесен дека за реализација на ваков трансфер е потребна навремена и темелна работа.
Потребата од нов напаѓач може да стане уште поизразена, бидејќи постои можност клубот летово да се раздели со фудбалери како Антоан Гризман, Александер Сорлот или дури и Хулијан Алварез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













