Шпанскиот првак Атлетико Мадрид испрати официјална понуда за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Раководството на „јорганџиите“ понуди 50 милиони евра за да ја убеди Бенфика да го продаде Уругваецот на „Ванда Метрополитано“.
Нуњез дојде во Бенфика од шпанскиот второлигаш Алмерија за 24 милиони евра, а има договор со португалскиот клуб до 2025 година.
Покрај Атлетико Мадрид, за Дарвин Нуњез се интересираат и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Тотенхем, и сигурно дека шпанскиот клуб ќе има огромна конкуренција за неговиот потпис.
Нуњез постигна 33 гола на 39 натпревари за Бенфика оваа сезона во сите натпреварувања.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













