Раководството на Атлетико Мадрид размислува за можноста да ја продолжи соработката со тренерот Диего Симеоне, и покрај тоа што неговиот актуелен договор важи до летото 2027 година.
Според „Марка“, официјални преговори со аргентинскиот стратег сè уште не се започнати, но во клубот владее уверување дека токму Симеоне е најсоодветната личност за понатамошниот развој на проектот. Овој став го делат претседателот на Атлетико, Енрике Сересо, генералниот директор Мигел Анхел Хил Марин и спортскиот директор Матеу Алемани.
Симеоне е на клупата на „јорганџиите“ од декември 2011 година и во тој период го предводеше тимот до две шампионски титули во Ла Лига.
Во тековната сезона Атлетико се наоѓа на третата позиција на табелата со освоени 37 бодови по одиграни 18 кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













