Атлетико Мадрид го реализираше ангажманот на Џонатан Дејвид, кој во продолжението од сезоната ќе го носи дресот на мадридскиот клуб како позајмен фудбалер од Јувентус. Договорот е за една сезона, со опција „јорганџиите“ да го откупат канадскиот напаѓач за 25 милиони евра.
Јувентус ќе продолжи да покрива дел од неговата плата, што дополнително ја олесни реализацијата на трансферот во самиот финиш од летниот преоден рок.
За Џонатан Дејвид ова е можност за нов почеток по периодот во Торино во кој не успеа да го покаже голгетерскиот потенцијал со кој го воодушевуваше европскиот фудбал. Во дресот на Јувентус минатата сезона забележа 46 настапи и постигна само осум гола.
Сосема поинаква беше неговата приказна во Лил. Канадскиот репрезентативец за францускиот клуб одигра 232 натпревари, на кои постигна 109 голови и запиша 31 асистенција, освојувајќи ја и титулата во Лига 1.
Сега Диего Симеоне ќе се обиде да го врати Дејвид во препознатливото издание. Неговата подвижност, брзината и способноста да игра на повеќе позиции во нападот треба да му дадат дополнителни опции на аргентинскиот стратег.
За Атлетико, пак, ова е потег со релативно мал ризик, но со потенцијално голема добивка – доколку Дејвид успее во Мадрид да ја пронајде формата што ја имаше во Лил, клубот ќе има можност следното лето да го задржи за 25 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













