Ќе има заминувања од Атлетико Мадрид, а најголемата ѕвезда веќе го напушти клубот – Антоан Гризман. Засилувања најмногу се потребни во средниот ред, бидејќи најмногу натпревари од сите играчи одигра Коке, кој има 34 години.
Поради тоа се бараше играч за врска, а изборот падна на Мортен Хјулманд.
Овој Данец настапува за Спортинг Лисабон, а Атлетико веќе ги договорил сите услови со него. Останува само да се види дали клубот од Мадрид ќе успее да ја намали цената од споменатите 80 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.
Хјулманд има 26 години, станува збор за исклучително корисен и сигурен фудбалер, а во исто време Спортинг веќе започнал потрага по играч кој би можел да го замени во новата сезона.
Според сè, токму овој фудбалер ќе биде првото засилување на Атлетико Мадрид во летниот преоден рок.
Хјулманд во кариерата настапуваше за Адмира Вакер и Лече, а од 2023 година е член на лисабонските „Лавови“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













