Атлетико Мадрид продолжува да маршира победнички во Ла Лига. По триумфот над Кадиз (2-4) тимот на Диего Симеоне има десет бода предност на врвот на табелата пред градскиот ривал Реал Мадрид. Дополнително и еден одигран меч помалку.
Луис Суарез во 28.минута донесе водство за Атлетико Мадрид со мајсторија од слободен удар, но само седум минути подоцна израмни Алваро Негредо. Саул пред крајот на првиот дел сепак носи нова предност за гостите.
Луис Суарез во 50.минута од пенал зголеми на 1-3, Алваро Негредо не сакаше да се предаде и постигна втор гол за Кадиз, но Коке ги разреши дилемите и го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













