Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот, Атлетико Мадрид доминира со водство од 4-0 против Барселона, но најмногу внимание привлече спорниот момент од почетокот на второто полувреме, кога гостите постигнаа гол кој подоцна беше поништен.
Во првите 45 минути Атлетико покажа апсолутна доминација – автогол на Барселона по грешка на голманот Жоан Гарсија и дефанзивецот Ерик Гарсија, а потоа мрежата ја тресоа Антоан Гризман, Лукман и Хулијан Алварез.
WHERE IS THE OFF-SIDE HERE?
— Barça Universal (@BarcaUniversal) February 12, 2026
ROBBERY. pic.twitter.com/A12smMDXzv
Сепак, во 52. минута Кубарси успеа да постигне гол за 4-1, но ВАР проверката која траеше цели осум минути резултираше со поништување на погодокот поради наводен офсајд.
Фановите на Барселона реагираа бурно, бидејќи фотографиите од ситуацијата покажуваат дека црвената линија поминува директно преку ногата на Левандовски, кој последен играше со топката.
Овој спорен момент сигурно ќе предизвика долги дискусии во фудбалскиот свет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













