Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија во Ла Лига и привремено се искачи на врвот на табелата. Избраниците на Диего Симеоне славеа со 0-2 на гостувањето кај Леванте во натпреварот од 11. коло, запишувајќи ја седмата последовна победа во шпанскиот шампионат.
Со овој триумф, мадридскиот тим стигна до бод повеќе од Барселона, која допрва треба да го одигра својот натпревар против Алавес и има можност повторно да се врати на првата позиција.
Гостите ја наметнаа својата игра уште од почетокот, а во 16. минута Хјулманд ја затресе мрежата на Леванте. Сепак, погодокот не беше признат поради офсајд. Атлетико продолжи да притиска, а наградата за иницијативата пристигна во 36. минута. По грешка на домашната одбрана, Алехандро Грималдо ја искористи укажаната можност и со прецизен удар од тешка позиција донесе водство од 0-1.
Конечниот исход беше поставен во 62. минута, кога Атлетико одигра одлична тимска акција. Баена го пронајде Џулијано Симеоне, кој со продор излезе очи в очи со голманот и сигурно ја испрати топката во мрежата за 0-2.
Домашниот тим имаше свои обиди, но Атлетико покажа поголема ефикасност и ги искористи клучните моменти за да стигне до трите бода.
Во следното коло следува вистински спектакл во Мадрид, каде што Атлетико ќе ја пречека Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













