Connect with us

Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“

Аталанта го совлада тимот на Лацио со 0-2 на „Олимпико“ во Рим, во еден од најинтересните дуели денеска во Серија А.

Стадионот на Лацио беше полупразен, со оглед дека најверните навивачи на клубот не се задоволни, протестирајќи против претседателот Клаудио Лотито.

Домаќините започнаа добро и речиси постигнаа гол кога Тејлор ја погоди стативата, но потоа следеше погодокот на Аталанта. Во 41. минута, Едерсон ја затресе мрежата на Проведел од пенал.

Лацио имаше шанса на почетокот на второто полувреме, но Марушиќ промаши од непосредна близина. Казната за тоа дојде во 60, минута кога Никола Залевски постигна одличен гол за конечни 0-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови