Connect with us

Аталанта славеше на „Сан Сиро“ и му донесе многу грижи на Милан за пласманот во ЛШ (ВИДЕО)

Аталанта одигра фантастичен натпревар на „Сан Сиро“ и со 2-3 го совлада Милан во дербито од 36. коло на Серија А.


Тимот од Бергамо целосно го надигра домаќинот во поголемиот дел од натпреварот и му зададе сериозен удар во битката за место во Лига на шампиони. По поразот, Милан падна од второто на четвртото место на табелата, додека Аталанта останува во игра за европските позиции.


Гостите уште од стартот покажаа дека дојдоа по трите бода. Во седмата минута Едерсон одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада Мајк Мењан за рано водство на Аталанта.
Во 29. минута следуваше и вториот удар за „росонерите“. Никола Крстовиќ мајсторски ја задржа топката и му асистираше на Давиде Запакоста, кој ја удвои предноста на гостите.


Милан изгледаше целосно разнишано, а во 52. минута Џакомо Распадори погоди за огромни 0-3 и целосна доминација на Аталанта.


Домаќините се разбудија дури во финишот. Страхиња Павловиќ во 88. минута намали на 1-3, а во третата минута од судиското продолжение Кристофер Нкунку реализираше пенал за 2-3.


Во самиот финиш Никлас Фулкруг имаше голема шанса да му донесе бод на Милан, но неговиот удар со глава заврши покрај голот.


Аталанта успеа да ја сочува предноста и со голема победа си замина од Милано.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови