Аталанта е подготвена да плати 12 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза, пренесуваат медиумите од Апенините. Поранешниот фудбалер на Јувентус и Фиорентина не се наоѓа во плановите на Арне Слот, кој дури и не го вклучи во списокот за претсезонскиот камп во Азија.
На „Енфилд“ сакаат по секоја цена да се ослободат од Киеза, па дури се подготвени да покријат голем дел од неговата плата. Во него, пак, Аталанта го гледа идеалниот заменик за Адемола Лукман, кој инсистира на трансфер во Интер за 50 милиони евра ова лето.
27-годишниот Киеза одигра 14 натпревари за Ливерпул, но вкупно помина само 466 минути на теренот. Во тој период постигна два гола и запиша две асистенции.
Интерес за него покажуваат и Наполи и Милан.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













