Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жереми Бога (24) е нов играч на Аталанта, потврди клубот од Бергамо.
Бога од Сасуоло се пресели во Аталанта, а италијанските медиуми наведуваат дека договорот е вреден 22 милиони евра.
Официјално, младиот крилен напаѓач во Аталанта пристигна на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп на договорот на лето.
Тој во Сасуоло пристигна во 2018 година за пет милиони евра. Моментно Бога е со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации, а по натпреварувањето ќе се приклучи во Аталанта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski